Промоција на две епизоди од „Кав`даречките прикаски“
13-10-2015 КУЛТУРА

Квалитетна продукција, одлична актерска игра на актери веќе потврдени на кавадаречката театарска сцена , бурен аплауз и многу позитивна реакција на публиката синоќа во салата на 3Д киното во Кавадарци каде се случи промоцијата на првите две снимени кавадаречки народни приказни „Убавата мома“ и „Големиот дрпаџија“ .

 

 

Двете приказни на „Кавадион“ продукција се само вовед од поголем серијал на кавадаречки народни приказни произлезени од секојдневниот живот на луѓето во Тиквешијата во кои е вткаен менталитетот , специфичниот хумор и дијалектот и традицијата на овој народ. Целата идеја за овој проект е на двајцата кавадарчани Тони Коцев и Диме Коцевски горди што станува збор за целосно кавадаречки производ. За режијата и актерска игра одговорноста ја сноси Диме Коцевски додека за снимањето , монтажата и целосно техничкиот дел Тони Коцев.

 

                Синоќа творците на кавадаречките народни приказни добија потврда од градоначалникот на Кавадарци дека финансиски ќе го подржат снимањето на останатите народни приказни :

М.М



Share

Додади коментар