Синоќа во 20.00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.П.(65) од Кавадарци по претходна пријава од негов сосед.
Според пријавеното, тој предизвикал пожар во неговиот стан каде било интервенирано од Територијална против пожарна единица Кавадарци и истиот агресивно се однесувал. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 10.30 часот во ОВР-Кавадарци Д.Н.Г.(32) од Кавадарци пријавила дека на улица „Илинденска“ во Кавадарци била физички нападната од С.Н. од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така вчера, во 19.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.С.(43) од Кавадарци затоа што во семејниот дом по кратка вербална расправија физички го нападнал неговиот 69-годишен татко, при што употребил и тврди предмети.
Г.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и спроведен во здравствена установа. По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок - информираат од СВР Велес.

Додади коментар