На 150 одбрани форографии заедно со бројни занаетчиски алатки и предмети денес во Музеј галеријата беше презентирано занаетчиството во Кавадарци низ историјата и периодот кога неговиот подем го достигнува врвот кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.Изложбата предизвика голем интерес кај присутните кавадарчани , меѓу кои и потомци на занаетчиски семејства кои го претставувале интелектуелниот потенцијал на градот. Секоја фотографија раскажува своја приказна , па дури и шеговите доживувања карактеристични за кавадаречката чаршија .
Насмеани и задоволни лица во своите дуќани со калфите и муштериите потсетуваат на едно убаво време кога се почитувала чесноста, еснафскиот збор, кога луѓето меѓусебе си помагале и заеднички ги празнувале своите светци заштитници на занаетот.Овие стари фотографии потсетуваат на заборавени приказни од чевларските дуќани, за ковачите, за абаџиите, кројачите, фурнаџиите, арабаџиите, тенеќиџииите, за самарџии, алваџии, слаткари бербери , казанџии, грнчари. опинџари и други занаети кои тогаш пред сто години успешно егзистирале во Кавадарци.Ова изложба е еден од десетте проекти финансирани од Министерството за култура на Музеј галеријата од национален интерес во културата истакна авторот на изложбата Петре Камчевски:
Изложбата за отворена ја прогласи градоначалникот на Кавадарци Александар Панов изразувајќи желба Кавадарци во иднина да биде град со уште помал процент на невработеност.
Мирјана Мукаетова
Додади коментар