Од билтенот на МВР: со кредитна картичка на кавадарчанец била вршена електронска наплата
21-03-2023 ЦРНА ХРОНИКА
Вчера во ОВР Кавадарци, С.Д.(39) од Кавадарци пријавил дека на 17.03.2023 по пошта му стигнал извештај од банка во кој забележал дека во повеќе наврати била вршена е - наплата со неговата кредитна картичка со што бил оштетен за сума од 10.104 денари. Се работи на расчистување на случајот - информираа денеска од СВР Велес.
Исто така во текот на вчерашниот ден, во ОВР Неготино, Л.Ц.(35) од Неготино пријавил дека на 17.03.2023 околу 23.00 часот во кругот на основно училиште во Неготино неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се работи на расчистување на случајот.
Додади коментар