Обид за силување во селото Сопот

Обид за силување вчера во вечерните часови во кавадаречката Полиција пријавила Н.Б. од село Сопот кавадаречко родена 1956 година.Имено  синоќа на вратата од семејната куќа на Н.Б. и заѕвонил Д.С. исто од село Сопот инаку нејзин комшија кој откако заѕвонил на ѕвончето се сокрил под скалите во близина на влезната врата.Н.Б. излегла но штом забележала дека пред врата нема никој се свртела да влези внатре и во тој момент ја нападнал Д.С. затварајќи и ја устата.Н.Б. пружила отпор и двајцата борејќи се паднале на земја.Н.Б. не попуштила и спротивставувајќи му се на лицето Н.Б. успеала да се одбрани, по што Д.С. побегнал.

 

Нападнатата веднаш го пријавила случајот во кавадаречката Полиција која благодарение на брзата интервенција го фатила Д.С. кој денеска дознаваме од Полицијата бил приведен и задржан за понатамошна постапка.Во целиот случај стои дека Н.Б. од Сопот подолго време имала проблеми со лицето што синоќа ја нападнало и се обидело да ја силува.

М.М



Share

Додади коментар