Пари, подобро образование, поплатена работа, љубов… Ова се дел од причините кои годишно тераат илјадници млади луѓе да ја напуштат земјата и да заминат некаде по белиот свет во потрага по подобро утре. Иако државните институции не кажуваат колку луѓе ја напуштиле земјата, службата за статистика на ЕУ Еуростат објави дека од 1998 та до 2011-та, 230 илјади луѓе официјално се иселиле од земјава и имаат регулиран престој во странство. Тоа претставува повеќе од 10 отсто од вкупното население во Македонија – се вели во саботната анализа на Радио Слободна Европа.
Околу 170 илјади Македонци се со привремен престој во земјите од ЕУ. Најголем дел од иселениците во ЕУ живеат во Италија, потоа следуваат Германија, Австрија, Словенија. Во периодот од 2002 година до 2008 година се забележува и масовно одобрување странски државјанства за македонските граѓани. Во тој период околу 5.000 луѓе годишно добивале пасош во друга земја. Но, се претпоставува дека бројката е многу поголема, бидејќи не се знае колку луѓе имаат нерегулиран престој.
Според податоците на Светска банка, повеќе од 230.000 македонски граѓани се иселиле од Македонија во Европската Унија и во САД, што е повеќе од 10% од населението во државата. Само во земјите од ЕУ во моментот живеат 180.000 македонски граѓани со привремен престој. Од нив најголем број се во Италија-78.000, потоа во Германија-58.000, во Австрија16.000, Словенија -9.500. Со државјанство во САД се стекнале 6.378 Македонци,. Според официјалните податоци, за една деценија вкупно 56.506 Македонци добиле странско државјанство, дури 11.444 трајно се иселиле во Германија, 6.070 во Австрија, 2727 во Белгија.
Додади коментар