Македонскиот фолклор претставен среде Грција
24-06-2013 КУЛТУРА

Во центарот на Паралија во Грција се развиори македонското знаме, се играше македонското оро. Викендов ФА Тиквеш што работи во склоп на Домот на културатаљ „Иван Мазов Климе“ Кавадарци  имаше одличен настап на меѓународен фестивал во Грција.

Уште еднаш нашите културните  амбасадори на Кавадарци  во најдобро светло ја претставија државата, но и македонскиот фолклор.

Како што информира директорот на домот на културата, Владимир Темков, нашите играорци имале 60 минутен концерт.

Овој меѓународен фестивал се одржал за прв пат оваа година. Покрај ФА Тиквеш од Македонија настап имало и културно уметничко друштво од Делчево, а со својот фолклор го презентирале и фолклорни ансамбли од Русија, Украина и домаќинот, Грција. 

А.Д



Share

Додади коментар