Склучиле договор за кредит со заложување на имот, не ги отплаќале месечните рати па банката ја активирала хипотеката. Вака раководството на „Транс Велес“ во 2005-та година ги оштетило акционерите во компанијата за сума од над 330 илјади евра. Директорот Илија Тепев склучил договор за хипотека врз имот на „Транс Велес“ која овозможила неговата компанија „Тедико“ да добие кредит од 300 илјади евра.
Според истрагата на полицијата, овој договор воопшто не требало да се реализира оти во тој момент „Транс Ввелес“ требало да замине во стечај.. Поради ова, пријави за злоупотреба на службена положба заработија осуммина. Кривично ќе одговараат сопствениците на „Транс Велес“ и „Тедико“, како и членовите на одборот на директори.
Велешката полиција денеска поднесе кривична пријава и против директорот на “Велеспром“, фирма блиска до “транс Велес и „Тедико“.
Осомничениот без одобрување од одборот на директори и акционери отстапил побарување во висина од над 130 илјади евра..
Според пријавата на велешката полицијата, директорот на „Велеспром“ кривично ќе одговара за злоупотреба на службената положба.
Зоран Јаневски
Додади коментар