Кавадарчанката Ангела Јовановска од шест години танцува и се закити со високи награди и признанија
30-03-2021 КУЛТУРА

Ангела Јовановска е родена 2007 година во Кавадарци. Со танцување започна на свои 6 години во Танцовиот Спортски Клуб „Линеа“ од Кавадарци, под раководство на тренерот Лазар Соколов. До сега, таа има постигнато  големи успеси на многу настапи, државни и меѓународни натпревари, а за тоа сведочат и нејзините високи награди, признанија, пехари и медали, кои се своевиден доказ за нејзиниот огромен труд, љубов и пожртвуваност во танцот.

 

Оваа година, уште на старт од танцовата сезона, учествуваше на меѓународен танцов шампионат во Софија, Р. Бугарија. Се натпреваруваше соло во дисциплина: спортски латино танци, категорија од 12-15 години и го освои високото второ место. Напорната работа, на крај, секогаш ни носи големо задоволство и награда за трудот, вели нејзиниот тренер Лазар.

 

 

 За успесите на Ангела, од големо значење е и несебичната и искрена поддршка на нејзините родители, која е клучна за напредокот и развојот на секое дете.

На Ангела, останува да и посакаме уште многу успеси на танцовата сцена и афирмација во светски рамки.



Share

Додади коментар