Педесет и четири годишниот Ф.Н од Кавадарци е измамен за работа во странство од лице од Неготино за што и му исплатил околу 300 евра.
Кавадарчанецот вчера пријавил во полиција дека измамникот имал дадено оглас за вработување на интернет. Откако измамениот контактирал со неготинецот кој се претставувал дека е менаџер во агенција која посредува за вработување во странство бил доведен во заблуда. Во неколку наврати Ф.Н на жиро сметка на измамникот му исплатил 18.530 денари.
„При уплакање на следната рата од Ф.Н. во банка во Скопје од страна на шалтерскиот работник му било сигнализирано дека лицето на која што жиро сметка ги уплаќа парите е познат измамник“ информира инспектрото за превенција во кавадаречката полиција Димитар Каракулев.
Тој нагласи дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
A.Д
Додади коментар