Мерните инструменти во метеоролошката станица во Кавадарци се искршени. Непозанти вандали фрлале со камења на куќарката каде се поставени термометрите. Денешниот вандалски чин е само еден од низата кон овој објект лоциран позади СОУ „Ќиро Спанџов Брко“.
Одговорниот метеоролог, Доне Илов, вработен во локалната самоуправа кажува дека оштетувањето е направено денеска на пладне, бидејќи утринава тој бил во метеоролошката станица да ја отчитува температурата.
„Кога повторно бев да ја отчитам температурата во 13 часот имаше што да видам. Со камења целосно се искршени термометрите и куќарката каде се поставени истите. Случајот веднаш го пријавив во полиција.“ рече Илов.
Тој нагласува дека во наредните денови додека не се заменат искршените мерни инструменти во Кавадарци нема да може да се мери температура и останати метеоролошки податоци. За среќа вандалите не ја оштетиле дигиталната метеоролошка станица.
Постојат сомневања дека овој вандалски чин е дело на неодговорни ученици кои оделе или си заминувале од училиште.
Aнгел Данов
Додади коментар