Новинарската фотографија на Иван Иванов синоќа стигна во Кавадарци. Низ неа пропатува окото на кавадаречката културна јавност, љубител на фотографијата.Изложбата на Иванов е поставена во градската галерија при домот на културата Иван Мазов Климе и истата ќе и биде достапна на публиката неколку дена.Иван Иванов е роден 1940 година во Неготино.
Сликарство изучувал во сликарската школа на професорот Сергеј Јовановиќ во Шуматовец во склоп на припремата за приемен испит на академијата. Професионално како фото репортер се занимава со фотографија.Самостојно изложувал свои дела три пати до сега, а има учествувано и на повеќе групни изложби. Иванов е учесник и во работата на десетина ликовни колонии.Неговата изложба синоќа во Кавадарци ја отвори претседателката на кавадаречкиот совет Горица Пеливанова Вилхелм, а за него проговори и директорот на домот на културата Владимир Темков.
M.M
Додади коментар