И годинава на највисокото прво место, најдобар меѓу сите натпреварувачи на Рациновите средби во Велес е Благој Грозданоски ученик во деветто одделение при ООУ Гоце Делчев Кавадарци. Благој со години докажува дека во себе поседува извонреден уметнички талент кој навреме го препознал неговиот ментор наставникот по ликовно образование Ристо Јосифов со чија што мотивација ученикот учествува на речиси сите државни и интернационални натпревари од кои гордо за Македонија, Кавадарци и своето училиште го носи признанието првак или најдобар. Задоволен од она што досега го постигнал Благој ветува уште ликовни дела и веќе е сигурен дека неговата професија ќе биде ликовната уметност.
Гордо за успесите на овој ученик зборува и директорот на ООУ Гоце Делчев Весна Крстева. Таа потенцира дека Благој е пример за останатите ученици и се надева дека успеси ќе го следат цел живот.
Праксата покажала дека вакви таленти има секое училиште. Многу е важна подршката на семејството, мотивацијата и навремената реакција од менторите односно наставниците. Секое дете, секој ученик заслужува внимание, но исклучоците се за почит.
Милица Младенова
Додади коментар