Двајца неготинци се повредени во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на булеварот „Маршал Тито“ во Неготино. Како што информираа од полицијата повредените лица се на возраст од 39 и 48 години. Дошло до директен судир на „хјундаи“ со неготински регистарски ознаки и „фиат пунто“ со белградски таблички.
„ Во сообраќајната несреќа се повредени двете лица кои биле во „хјундаито“. Тие веднаш биле пренесени во болница поради полесните повреди со кои се здобиле. Едниот од нив имал рани на главата од искршеното стакло, па затоа бил задржан на болничко лекување. Во возилото со странска регистрација имало тројца патници, но тие не биле повредени, велат од полицијата.
Според првичните информации, сообраќајната нресреќа ја предизвикал српскиот државјанин кој со своето возило не му дал предност на неготинецот.
А.Д
Додади коментар