ГФК Тиквеш сериозно си го свати предизвикот наречен прва лига, па затоа веке утре ке ги стартуваат подготовките за настап во фудбалската елита. Костурот на тимот е задржан од минатата сезона,Блажевски останува шеф на стручниот штаб,а се очекува и стадионот да блесне во ново руво на стартот на натпреварувањето.
Првата прозивка е закажана за утре со почеток од 17 часот а на истата се очекува да се појават и неколку нови имиња кои ке бидат на проба и доколку ги задоволат вкусовите на стручниот штаб ке ги бранат боите на клубот во прволигашката сезона. Според најавите, подготовките на почеток ке се одвиваат во Кавадарци а потоа би требало да се замине во Охрид. Направен е и план за одигрување на пријателски контролни натпревари.
М.В.
Додади коментар