Во прво одделение во учебната 2013/2014 година досега се запишани 20.774 деца, со што продолжува опаѓањето на бројот на првооделенци во училиштата низ Македонија.Дека во изминатите пет шест години имаме во просек од 500 до 700 помалку запишани првачиња, потврдуваат и од Министерството за образование и наука.И оваа година бројот е намален во однос на минатата. До денес се запишани 20.774 првооделенци,а бидејќи уписот трае уште, училиштата се надеваат дека бројот можеби ќе отскокне малку. Но она што е сигурно е фактот дека дефинитивно, ќе има повторно помалку првачиња велат надлежните.
Во Кавадарци неофицијалната бројка, бидејќи се уште се чека први септември е околу 350 првачиња.Од нив 50 се запишани во ОУ Димката Ангелов Габерот Кавадарци, 62 во Тошо Велков Пепето, 89 во Гоце Делчев, 73 во ОУ Тоде Хаџи Тефов, 51 во Страшо Пинџур и 23 во Димката Ангелов Габерот Ваташа. Дека е можно овој број минимално да порасне се надеваат и кавадаречките училишта од каде потврдуваат дека целосно се подготвени на 1 септември да ги пречекаат сите ученици.
Од министерството за образование годинава очекуваат поголеми резултати околу водењето електронски дневник бидејќи сега наставниците таа обврска ќе ја имаат еднаш неделно наместо дневно,а новина ќе биде и тоа што казната за невнесување на оценките и изостаноците во Е-дневникот наставниците ќе ги чини 300 евра наместо сегашната од 1.000 евра.Според надлежните годинава ќе има и подобрување на апликацијата за Е-дневникот затоа што имало основани пропусти посочени од наставниците, но имало и наставници кои долго не ја исполнувале таа обврска на што, покажал и зголемениот пристап за внес во Е-дневникот во последните две недели од крајот на минатата учебна година.
Милица Младенова
Додади коментар