ПЕТМИНА ДРВОКРАДЦИ КОИ ЈА ПУСТОШЕЛЕ ШУМАТА ВО ВЕЛЕШКО ОТКРИ ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА ГОРА.. ЕДНИОТ БИЛ ФАТЕН НА ДЕЛО, ДОДЕКА ЧЕТВОРИЦАТА ВЕЌЕ ГИ ПРЕВЕЗУВАЛЕ БЕСПРАВНО ИСЕЧЕНИТЕ ДРВА.
КАЈ НИВ СЕ ПРОНАЈДЕНИ 11 МЕТРИ КУБНИ ОГРЕВНО ДРВО.. ПОЛИЦАЈЦИ ОД ЧАШКА, ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА И СЛУЖБЕНИЦИ ОД СВР ВЕЛЕС ГИ ОТКРИЛЕ ДРВОКРАДЦИТЕ.. ПРИ КОНТРОЛАТА ВО АТАРОТ НА СЕЛОТО СТЕПАНЦИ И МЕСНОСТА МУКОС, СОПРЕНО Е ВОЗИЛО ЛАДА РИВА ВО КОЕ СЕ ПРЕВЕЗУВАЛЕ ДВАЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ.. ВОЗИЛОТО БИЛО НАТОВАРЕНО СО ПОМАЛА КОЛИЧИНА ОГРЕВНО ДРВО А ВО ЛАДАТА ИМАЛО И ДВЕ МОТОРНИ ПИЛИ И ЕДНА СЕКИРА.. ПОДОЦНА БИЛО УТВРДЕНО ДЕКА СЕ ВРАЌАЛЕ ОД БЕСПРАВНА СЕЧА.
УСПЕАЛЕ ДА СОБЕРАТ ШЕСТ МЕТРИ КУБНИ СО БУКОВО И ДАБОВО ДРВО.. ВО ДРУГИОТ СЛУЧАЈ НА СКОРО ИСТОТО МЕСТО СЕ ОТКРИЕНИ УШТЕ ДВАЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ.. И КАЈ НИВ Е ПРОНАЈДЕНА МОТОРНА ПИЛА И ПЕТ МЕТРИ ДРВА.. ПОСЛЕДНИОТ СЛУЧАЈ РЕАЛИЗИРАН СО АКЦИЈАТА ГОРА ЗА СУЗБИВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛНАТА СЕЧА НА ШУМА, Е ОТКРИЕН ВО АТАРОТ НА СЕЛОТО БАЊИЦА.. НА ДЕЛО БИЛ ФАТЕН ЖИТЕЛ НА СЕЛОТО КАКО СЕЧЕ ГАБЕРОВА ШУМА..
ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАТРЕШНИ РАБОТИ ВЕЛАТ ДЕКА ПО ЦЕЛОСНО ДОКУМЕНТИРАЊЕ НА СЛУЧАИТЕ, ПЕТМИНАТА ДРВОКРАДЦИ ЌЕ ЗАРАБОТАТ СООДВЕТНИ ПРИЈАВИ.
Зоран Јаневски
Додади коментар