Шест нови случаи на корона вирус во Кавадарци
09-08-2020 РЕГИОН

Неколку дена во континуитет во Кавадарци расте бројот на позитивни на Ковид 19.  Денеска се дијагностицирани уште шест нови пациенти со корона вирус, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

„Новите случаи се на возраст од 38 до 63 години. Петмина се на домашно лекување, еден е хоспитализиран“ рече за КТВ, епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Тој апелира до сите граѓани да бидат максимално одговорни, да носат заштитна маска или да одржуваат растојание. Исто така за одговорно однесување се апелира и до младите. Да се избегнуваат дружби без заштитна опрема.

 

А.Д



Share

Додади коментар