Се спукале каде да се напасува добитокот

Со воздушна пушка од која се испукани три до четири проектили завчера во пределот на лицето е погоден 58 годишниот МЗ од с.Раец. Инцидентот настанал околу 18 часот кога тој во месноста викана Стара Чешма во атарот на селото го напасувал својот добиток покрај Врбечка река, а од другата страна на брегот вербално му се заканувале 77 годишниот ЦЗ и неговиот син БЗ исто така од село Раец, по што следувало и пукањето.

Случајот бил пријавен во ПС Кавадарци, а според наведеното причина за инцидентот било местото каде МЗ го напасува добитокот .Потпаролот на СВР Велес Ненко Александров за ктв потврдува дека лицето ЦЗ е приведено во ПС Кавадарци одземена му е воздушната пушка и по целосно расчистување на случајот за истото ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Share

Додади коментар