Пратениците изгласаа распуштање

Собранието на Република Македонија на денешната 87. седница со 117 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан донесе одлука за распуштање на актуелниот собраниски состав.

Иницијативата за распуштање на Собранието во саботата ја поднесе Демократската унија за интеграција (ДУИ) откако не беше исполнето нивното барање за консензуален кандидат за претседател на Република Македонија.

Според Уставот, Собранието се распушта ако за тоа се изјаснат мнозинството од вкупниот број пратеници.



Share

Додади коментар