Опаѓа бројот на нови заболени од грип во Кавадарци
18-01-2017 РЕГИОН

Се намалува бројот на нови заболени од грип покажуваат податоците од кавадаречкиот центар за јавно здравје. Споредено со периодот пред и после новогодипните празници евидентно е дека грипот попушта.

 

„Минатата недела имаме евидентирано 507 нови случаи на заболени од грип.  Споредено со претходната недела, кога имаше 764 случаи, сега имаме 260 помалку, или речи половина помалку од бројката на болни што ја имавме пред нова година и после празниците. Тогаш во Кавадарци имавме регистрирано 1024 болни“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

Тој нагласува дека бројот на нови заболени се намалува благодарение на продолжениот зимски распуст на учениците, но и ладниот бран кој ја зафати земјава.

 

Оваа сезона од грип во Кавадарци има вкупно 2691 заболен.

А.Д



Share

Додади коментар