Награди за најдобрите ученици

Учениците со континуиран одличен успех и учениците со постигнати високи награди и признанија на државните и меѓународни натпревари денеска СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ Кавадарци ги почести со награди. Целта е да се стимулираат и останатите вели директорот на училиштето Иван Иванов.

За примерно и совесно учење, залагање во работата, континуиран одличен успех, примерно поведение и редовност во наставата Иванов награди им врачи на Илија Карајанов од 4-3, Стефан Стојанов исто од 4-3,Столе Костадинов од 4-3 и на Илија Илов и Илија Бошков од 4-4.Награди за постигнати резултати на државни натпревари за електромашинските и сообраќајни училишта им беа доделени на Ќиро Колев од 4-2 за освоено 1 место во машинска струка, Петар Јованов од 3-4 за 2 место во труд и Мартин Стоев од 3-4 за 2 место на КТИА. Што за наградените ученици значат овие признанија, колку се задоволни од стекнатото во средно и дали продолжуваат со високо образование еве што велат двајца од нив.

Наградените ученици училиштето ги почести со по еден мобилен телефон донација од училиште во Шведска со кое Ќиро Спанџов Брко има одлична соработка, а ваквиот настан за доделување признанија на најдобрите се случува за прв пат но ќе биде традиција вели директорот.

Милица Младенова

 



Share

Додади коментар