МЗШВ: Ги поддржуваме младите – Започнуваме со авансна исплата од 40% на грантот за млад земјоделец

Преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нуди мерки со кои ги поддржува младите земјоделци, и тоа преку мерката 112, помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност, каде се доделува грант во висина од 10.000 евра и мерката 113, поддршка за поттикнување на земјоделското производство, со грант од 20.000 евра.

 

- Мерките кои МЗШВ ги креира за младите земјоделци даваат ефект и се повеќе млади лица активно да се вклучуваат во земјоделскиот сектор. Изминативе пет години повеќе од 1000 млади лица аплицирале и ги искористиле мерките за поддршка на млад земјоделец. 

 

Големиот интерес кај младите беше мотив како министерство да предложиме законски измени на законот за земјоделство и рурален развој со кој овозможуваме услови за започнување со авансна исплата на финасиската поддршка за млад земјоделец. Па така со оваа измена младите земјоделци ќе можат авасно да добијат 40% од вкупната вредност на грантот за поддршка за млад земјоделец.

 

На овој начин, како министерство, директно им помагаме на младите земјоделци побрзо да започнат со земјоделската дејност, но и со реализација на планираните инвестиции, дополнително со оваа нова можност ги мотивираме младите уште поактивно да се вклучат во земјоделскиот сектор.

 

МЗШВ посветено и одговорно креира мерки за поддршка на секој еден земјоделец. Ги слушаме предлозите на земјоделците и заеднички работиме во развој и унапредување на македонското земјоделство - стои во соопштението од МЗШВ.

 



Share

Додади коментар