Ликовна изложба на Стојан Стојанов во кавадаречкиот музеј
26-09-2013 КУЛТУРА

Во организација на Локалната музеј Галерија Кавадарци, а под покровителство на градоначалникот и советот на градот месец октомври во Музејот на Кавадарци ќе започне со ликовната изложба на Стојан Стојанов насловена ,,Париз мојата љубов,,.За оние кој не знаат Стојанов е роден 1956 година во Кавадарци. Основното образование го завршува во ОУ Тоде Хаџи Тефов во 1971 година.Средно образование завршува во ЕМУЦ Никола Тесла Скопје, а дипломира на Машинскиот факултет во Белград 1982 година отсек аеронаутика.Уште во 1978 та Стојан Стојанов почнува да се интересира за фотографијата која почнува да ја изучува кај својот пријател Борис Ангелов Жгуљо во Кавадарци.

Стојанов до сега изложувал во Париз, Њујорк, Белград, Скопје и Кавадарци. Во вторник на 1 октомври Стојанов по неколку години повторно ќе го сподели својот нов циклус со кавадарчани.Отварањето на изложбата е закажано за во 19 часот, а Музеј галеријата ги поканува сите кој сакаат преку слика да ја погледнат љубовта на својот сограѓанин Париз.

М.М



Share

Додади коментар