Комисијата за заразни болести прифати да го разгледа барањето на естрадните уметници за настапи во угостителски локали

„Да се дозволи музички настап на естрадни уметници во угостителски објекти на посебно издвоено место во угостителски објект со најмало растојание од 2 метри на естрадните уметници од најблиските маси во сите правци. Забрането е рашетување на естрадниот уметник за време на настап по гости и во угостителски објекти “ – Вака гласи барањето за промена на точка 13 од протоколите за работа во угостителски објекти која предходно гласеше „Забрането организирање на музички настани во отворен и затворен дел од објектот“ .

 

Барањето до Комисијата за заразни болести го поднесоја денеска претставниците на НУК (Независна угостителска комора ) заедно со претставниците на ЗЕУМ (Здружение на естрадни уметници) на средбата со Комисијата за заразни болести и др. Жарко Караџовски.

 

Со промената на оваа точка им се овозможува на угостителските објекти да ги поддржат естрадните уметници да имаат свои настапи согласно Протоколите за работа, при што имаат обврска заедно со гостите максимално да ги почитуваат.

 

Од двете здруженија истакнаа дека во целост ќе го поддржат Државниот пазарен инспекторат максимално да ги казни сите кои не се придржуваат до препораките и протоколите за работа, а воедно и упатија апел до сите естрадни уметници каде се сведоци дека угостителите неможат да овозможат да ги спроведат протоколите во целост на нивните настапи, истите да ги откажат во интерес на заштита на своето и јавното здравје.

 

извор: ММС



Share

Додади коментар