Заврши вториот дел од ликовната колонија „Вила Тодоров-Кожув“
21-08-2014 КУЛТУРА

Населбата Кожув во изминатава седмица пулсираше во ритамот на уметноста во рамките на четвртото издание на ликовната колонија „Лето 2014 Вила- Тодоров Кожув„  а тринаесет ликовни уметници од Македонија и Србија инспирирани од прекрасниот амбиењнт , недопрената природа и чисистиот воздух    создадоа 27 ликовни дела кои на јавноста ќе бидат презентирани на 1. октомври на свеченото отворање на кавадаречката културна есен.

 

Денеска на завршниот дел од колонијата имавме можност за прв пат да го видиме плодот од еднонеделното дружење и работа во една изложба на отворено небово која беа сублимирани творечките размисли и индивидуалноста на секој уметник поединечно вдахновени и моќта и убавината на природата која Таму на своевиден начин ја покажува Кожув Планина.

 

М.Мукаетова

(повеќе во видеото)

 



Share

Додади коментар