Дела на Симонида Филипова – Китановска изложени во Неготино
27-09-2013 КУЛТУРА

Синоќа во фоајето на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино од 19 часот беше отворена изложба на слики на ликовната уметничка Симонида Филипова Китановска чиишто дела се излагани на повеќе од стотина групни изложби во Македонија, Хрватска, Франција, САД, Германија, Бугарија, Австралија, Романија, Ерменија и Грција.

Сликите кои беа изложни се работени во комбинирана техника на хартија, а се изложувани како во Македонија, така и надвор од границите, а уметничката прв пат се претставува со своите дела пред публиката во Неготино.

Симонида Филипова – Китановска е родена во Скопје, адел одсвојот живот живеела и работела во Бостон, САД. Китановска е и член на ДЛУМ уште од 1988 година.

 

Елена Данова



Share

Додади коментар