Втора ликовна колонија „Вила Тодоров“
12-08-2013 КУЛТУРА

Инспирирани од природата, од зелената боја која доминира на планината Кожув  творат дванесет уметници од Македонија. Тие се учесници на втората по ред ликовна колонија „Вила Тодоров“ на Скијачкиот центар Кожуф. Сите се едногласни дека природата може да им даде огромна инспирација. Едноставно, според нив има многу детали кои можат да прераснат во одлична уметничка слика.

Оваа ликовна колонија е наменета за млади ликовни уметници. Годинашниве учесници, во најголем дел се дипломирани, а дел од нив  се студенти на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Тие ќе творат осум дена, а потоа нивните дела ќе бидат претставени на ликовна изложба во Кавадарци.

„ Секој уметник се инспирира од различни места, различни теми. Дефинитивно за мене природата најмногу ме инспирира. Ми дава најмногу енергија. За прв пат сум на Кожуф. Прошетавме по планината и сега имам инспирација за создавање на повеќе ументички дела. Многу е убаво бидејќи сме сите млади умении. Имаме можност да размениме искуства“ рече Ана Лазаревска, дипломиран графичар од Скопје. Таа се подготвува за самостојна фотографска изложба, а досега има изложувано свои дела на групни ликовни изложби.  

Учесниците на колонијата искажаа благодарност до сопственикот на „Вила Тодоро“, Марјан Тодоров што ги отвори вратите на неговиот објект и им дава можност за дружење и творење на младите уметници, бидејќи во земјава мал е бројот на ликовните колонии наменети за младите.

Aнгел Данов



Share

Додади коментар