Oд 11 до 13 октомври есенски панаѓур во Кавадарци
03-10-2019 РЕГИОН

Општина Кавадaрци ги информира граѓаните на Кавадарци и регионот дека, традиционалниот „Есенски панaѓур 2019“ ќе се одржи во деновите 11ти, 12ти и 13ти октомври (петок, сабота и недела).


Штандовите на излагачите на панаѓурот ќе бидат поставени на булеварот Никола Минчев на потегот од спојот со булеварот Македонија кај семафорире, до спојот со Северен Булевар, како и на платото од новиот „Зелен пазар“ кај „судска палата“.

 


Се известуваат граѓаните, како и жителите на булеварот  Никола Минчев на ден 10.10.2019 год. (четврток) најдоцна до 14:00 часот да ги отстранат своите автомобили од улицата како би го ослободиле просторот за поставување на тезгите на излагачите на Есенскиот панаѓур 2019 година.

 

Воедно се известуваат сите граѓани дека наведенат делница од булеварот Никола Минчев ќе бидат целосно затворена за сообраќај, во деновите на одржувањето на есенскиот панаѓур.

Додади коментар