Oд билтенот на МВР: Неготински голф „излетал“ кај „Мушов гроб“, регистрирани физички пресметки
28-09-2020 РЕГИОН

На 28.09.2020 во 02.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Мушев Гроб- Кавадарци. патничко моторно возило „голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Р.(20) од Неготино излетало од сообраќајна лента. Во незгодата, 17- годишна сопатничка од Кавадарци се здобила со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

 

На 28.09.2020 околу 01.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во с.Пепелиште, неготинско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.В.(35) и Ѓ.М.(30), од една страна и Д.С.(30) и А.С.(31) од с.Тимјаник, од друга страна. По целосно документирање на случајот, ќе биде поденесена соодветна пријава.

 

На 27.09.2020 часот од 13.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани 33 прекршоци, од кои  13 во Велес, 12 во Кавадарци и осум во Неготино. Возачите ќе бидат санкционирани со соодветни пријави.

 

На 27.09.2020 околу 00.30 часот во Полициската станица кавадарци, С.П.(19) од с.Возарци, кавадаречко, пријавил дека пред угостителскиот објект во Градско бил физички нападнат од П.Ј.(28) од Росоман. По целосно документирање на случајот ке биде поденесена соодветна пријава.

 



Додади коментар