Aктивности од комуналната изградба во Кавадарци
15-10-2019 РЕГИОН

Механизацијата на фирмата „Градба промет“ работи на подготовка на подлогата на коловозната лента на нова улица во месноста „Коњски дупки“


Според проектот на Општина Кавадарци како дело од програмата за комунална изградбе, се работи на подготовка на крак од ул.„Праведничка“ за асфалтирање.


Во оваа фаза се дооформува дел од улицата, каде ќе се постави тампон, а потоа ќе следи поставување на рабници како подготовка за асфалтирање. На оваа улица ќе бидат асфалтирани нови 70 метри.

 

Општината Кавадарци и ЈП Комуналец започнаа со акција за чистење на решетките за зафаќање на атмосферските и површинските отпадни води.


Се отстранува наносот од кал, лисја и друг отпад, а реципиентот се подготвува за нормално функционирање во зимски услови. Во акцијата ќе бидат опфатени сите одводни решетки од градските улици.

 

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ работи на поставување на рабници на ул.„Јованче Велков“.


Согласно проектот треба да бидат поставени 940 метри бетонски рабници кои ќе оформат улица во должина од 470 метри. Во оваа фаза од изградбата на улицата беше поставен и тампон, како подготовка за асфалтирање.


Реализацијата на овој проект од општината е на барање на жителите од тој дел на Кавадарци каде има интензивна урбанизација и изградба на индивидуални станбени објекти.

Додади коментар