18 нови случаи на Ковид 19 - оздравени 21
Со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти.  Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови - информира министерот за здравство.
 
 
Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на ковид-19. По градови:
 
- Скопје - 2
- Куманово - 9
- Штип - 2
- Тетово - 2
- Велес - 1
- Гостивар - 1
- Пехчево - 1
 
 
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1225 лица.
Во изминатото деноноќие направени се 263 теста.
 
 
Починати се тројца пациенти позитивни на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.
 
 
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.


Share

Додади коментар