10 нови позитивни на Ковид 19 - еден починат

Денеска се регистрирани 5 оздравени пациенти во Скопје и во Неготино. Потврдени се 10 нови случаи. На Клиниката за инфективни болести, за жал, имаме еден починат од Делчево на 60-годишна возраст со други придружни малигни болести, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

 

Вкупната бројка од почетокот 1674, оздравени 1205, починати 92 и активни пациенти 977.

 

На Клиниката за инфективни болести во изминатите 24 примени се тројца нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 41 пациент.

 

Во изминатите 24 часа направени се 189 тестирања.  Mинистерот Филипче, ги отфрли шепкулациите дека има некоја причина и тенденциозно се намалува бројката на тестови. „Се намалува бидејќи нема доволен број на пациенти со симптоми“ рече Филипче.

 

Од утре започнува скринингот на одредени критични категории, од утре ќе почнеме со вработените во градинка, тие се на број близу 2000.

 

 



Share

Додади коментар