(ПИ 2020) СДСМ: Преку проектот МОЈ ДДВ за само 3 квартали вратени се 10.7 милиони евра кон граѓаните и подобрена е наплатата на ДДВ во буџетот
01-07-2020 РЕГИОН

(интегрален текст од соопштението на ОО СДСМ Кавадарци)

 

Нашата определба и реализација на концептот на враќање пари кај граѓаните се покажа како успешен македонски концепт за развој на економијата и за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

 

Преку проектот МОЈ ДДВ за само 3 квартали вратени се 10.7 милиони евра кон граѓаните и подобрена е наплатата на ДДВ во буџетот.          .

 

Со оваа мерка за прв пат државата враќа пари директно на сметките на граѓаните, а апликацијата ја користат над 300.000 наши граѓани.

 

Во новата програма за следниот четиригодишен мандат предвидуваме враќање на уште повеќе пари назад кај граѓаните и компаниите.

 

Го зголемуваме лимитот за повратот на ДДВ кон граѓаните, од 600 на 800 денари месечно.

Тоа се 2.400 денари за поединец по тромесечие односно 9.600 денари годишно.

Тоа се пари плус во семејниот буџет, кои граѓаните ќе ги вратат назад во домашната економија.

 

Истовремено, продолжуваме со навремен, редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите.

 

Влеговме во бескомпромисна битка со сивата економија и продолжуваме уште позасилено во периодот што претстои.

 

Додека СДСМ е насочена кон враќање на што повеќе пари назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон враќање на режимот кој ги крадеше парите на граѓаните.

 

ВМРО-ДПМНЕ беше против проектот Мој ДДВ.  

ВМРО-ДПМНЕ беше против  тоа над 10 милиони евра да се враќаат кај граѓаните.

 

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните. Затоа истите беа против Мој ДДВ, против повисоки плати и пензиии.

На 15 јули граѓаните ќе го казнат нивниот несериозен и неодговорен однос.

 

На 15 јули граѓаните одбираат парите да завршуваат во нивните семејни буџети, а не во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

 



Додади коментар