(ВИДЕО) Патот кај комбинатот Фени „удавен“ во кал
07-12-2019 РЕГИОН

Голем број граѓани деновиве реагираат на загадувањето на патниот правец Кавадарци - Возарци од страна на камионите кои возат за „Еуроникел“. Тие доставија и видео од кое јасно се гледа дека патот е речиси „удавен“ во кал. Граѓаните тврдат дека тоа се случува долг период,  бидејќи камионите кои растоварале руда не се перат,  откако ќе излезат од комбинатот. Остатокот од земја се расфрлал по патот, а со тоа директно се загрозува и безбедноста во сообраќајот - реагираат кавадарчани.

 

Калта од овде стигна и до градските улици. За овој проблем неколку пати локалната самоуправа има реагирано и кај надлежните државни институции, бидејќи станува збор за регионален пат, но реакција нема. Покрај калта, опасност за сообраќајот се и огромните дупки на овој патен правец.

 

Дознаваме дека денеска е реализирана акција за чистење на патот организирана од „Еуроникел“ во координација со полицијата, а во насока на добра соработка,  според договореното со месната заедница Возарци и еколошкото друштво „Тисовец“.  Патот се расчистувал со механизација обезбедна од компанијата, противпожарно возило, багери,  камиони и цистерни.

 

За акцијата можете да погледнете и од видеото доставено од наш гледач.

 

А.Д

Додади коментар