Ќе се менува уличното осветлување во Неготино
18-01-2020 РЕГИОН

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков вчера со претставникот на фирмата изведувач Елкетрика ДООЕЛ - Кочани го потпиша договорот за набавка и замена на постоечкото улично осветлување со нова ЛЕД штедлива технологија - активност со која ќе бидат опфатени уличните светилки во Неготино и населените места.

 

Од вкупниот број од 2.300 постоечки улични светилки од кои 1.750 во градот и 550 во селата, со проектот ќе бидат заменети 1.410 светилки од кои836во Неготино и 574 во населените места.

 

Со оваа замена на постојното улично осветлување со нова ЛЕД светилки и технологија која емитува помалo ниво на ЦО2 во животната средина, ќе се постигне 69 % енергетска ефикасност и заштеда на средства во општинскиот Буџет кој се издвојуваше за оваа намена, односно за 69 % ќе се намали актуелниот трошок за улично осветлување во општина Неготино.

 

Изведувачот на работите со активности на терен ќе започне веќе во текот на утрешниот ден (сабота 18 јануари), а рокот за комплетна реализација на проектот е до крајот на месец март, оваа година.

 

Инаку, активностите се дел од проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката за животна средина со акроним ЕНПОЛ-ЕЕ помеѓу општина Пела - Република Грција како водечки партнер и општина Неготино како проектен партнер 2 и Министерството за економија и развој на Грција, како и Управувачкиот орган на ИПА програмата за прекугранична соработка за перидот 2014-2020 година.

 

Додади коментар