Финишира изградбата на детската градинка во село Возарци
08-10-2019 РЕГИОН

Изградбата на детска градинка во село Возарци влегува во завршна фаза. Деновиве се работи на фасадата, завршните молеро-фарбарски работи, поставување на керамиката и санитаријата, внатрешното осветлување со еколошки штедливи ЛЕД светилки, како и пристапот и влезовите во објектото.

 

Проектот предвидува изградба на детска градинка со преадаптација на дел од просторт на поранешната амбуланта, кој по реконструкцијата ќе функционира двонаменски.

 

Градинката ќе има капацитет за прифаќање на 25 до 30 деца. На површина од осумдесеттина квадратни метри ќе располага со: занимална, просторија за персоналот, чајна кујна и санитарен јазол. Преостанатиот простор од објектот ќе ја има функцијата на амбуланта.

 

Овој проект општината го реализира на барање на жителите од Возарци. Со негова реализација се обезбедуваат подобри услови за граѓаните во делот на згрижување на децата од предшкослата возраст, како и во примарното здравство. Проектот во оваа урбана средина ќе го подигна уште повеќе и онака добриот стандард за живеење - се вели во информацијата од локалната самоуправа.

Додади коментар