Тешка сообраќајка на патот Неготино-Демир Капија

Еден загинат и еден тешко повреден е билансот од сообраќајната несреќа што попладнево се случила на патот Неготино - Демир Капија во близина на селото Тремник.

 

Според првичните информации се судриле џип „Хјундаи“ и „Голф“. Од МВР не соопштуваат повеќе детали бидејќи во тек е увид на местото на сообраќајката.

 

Сообраќајкот се пренасочува по спореден пат одека трае увидот, а од Здравствен дом Неготино интервенираат на терен со две возила и двајца доктори.

А.Д

Додади коментар