Седум нови позитивни на Ковид 19 во Кавадарци
12-08-2020 РЕГИОН

Нови седум позитивни пациенти  на корона вирус се дијагностицирани денеска, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци. Станува збор за лица на возраст од 31 до 69 години.

 

„Две лица се хоспитализирани во болница, а останатите се на домашно лекување. Еден од новите позитивни кажа дека бил во контакт со заболен, а останатите не кажуваат како се заразени“ рече за КТВ епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Заклучно до денеска во Кавадарци има 110 активни случаи. Во текот на вчерашниот ден не беа дијагностицирани нови случаи по рекордниот број кој беше евидентиран заврчера.

 

А.Д



Додади коментар