Почитувани претставници на медиумите, почитувани сограѓани, имам задоволство да споделам со кавадаречката јавност дека на 17-от конгрес беше усвоена изборната програма на СДСМ, се утврдија и листите на кандидати за пратенции за претстојуните парламнтарни избори.
Од денес покрај понудата за претседателски кандидат подржан од здружената опозиција СДСМ ги прави и листите за кандидати за пратеници.
ВО Кавадарци согласно одлуката на извршниот одборт на СДСМ потврдена од Централниот одбор на СДСМ и на крајот од најувисокиот партиски орган - конгресот, кандидат за пратеник е Бетиан Китев.
СДСМ промовира нови принципи. За да бидеме на чисто, овој нов концепт каде што раководството на партијата не е на самите листи, ја испраќа недвосмислено јасната порака. Претседателот на СДСМ Зоран Заев и највисокото раководство ќе ја формира идната Влада на Република Македонија.
Со еден ваков чесен пристап во кој што се знае кој ќе биде претседател на државата, кои ќе бидат пратеници и кој е костурот на идната Влада граѓаните ќе знаат да препознаат и согласно тоа да ја дадат подршката и конечно да заврши периодот на лаги и манипулации.
Воедно со огромен ентузијазам, оптимизам и искреност би сакал да ве поканам во среда на 26 март во 19 часот да присустувате на големиот митинг во Кавадарци, на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, каде ќе бидат претставени неговите идеи и програма. Исто така, сакам претходно од 11 часот да излезете во чаршијата и низ градот, на разговорот со кандидатот за претседател Стево Пендаровски, каде ќе имате можност да ги споделите вашите идеи и сугестии...
Додади коментар