Од билтенот на МВР: физички напади - пожари и контрола на мотоцикли
04-08-2020 РЕГИОН

 

 

Денешното соопштение од СВР Велес ви го пренесуваме во целост

 

                                          На 03.08.2020 год. во СВР Велес е пријавено дека околу 21.00 часот на место викано „Лагот“, во близина на манастирот „Св.Ѓорѓи“ во Неготино, во објект во изградба, М.Ч.(67) бил нападнат од три непознати лица, кои му одзеле пари. Бил извршен увид на местото на настанот.

                                          На 02.08.2020 год. во СВР Велес е пријавено дека околу 23.00 часот во продажен објект на  ул„Тодор Христов – Офицерчето“ во Велес, вработениот Н.Л.(25) бил физички нападнат од К.С.(29), кој, пак, набрзо бил нападнат од Ѓ.Ч.(41). По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

                                          На 03.08.2020 год. Во СВР Велес било пријавено дека на плоштад „Којник“ во Велес деветгодишно дете било каснато од куче скитник во пределот на десната нога.

 

                                          На 03.08.2020 год. во СВР Велес е пријавено дека околу 11.00 часот, во с.Манастирец,  кавадаречко, Л.Г.(18) бил физички нападнат од Ј.З.(25). По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

                                          На 03.08.2020 година во СВР Велес е пријавено дека околу 03.00 часот настанал пожар во поткровје на куќа на ул.„Ресавска“ во Кавадарци, сопственост на Ѓ.Д.(69). Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Бил извршен увид на местото на настанот.

 

                                          На 02.08.2020 год. во СВР Велес е пријавено дека околу 20.20 часот А.М.(34) во неговиот дом бил физички нападнат од С.П.(23) и уште едно непознато лице. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

                                          На 02.08.2020 год. во СВР Велес е пријавено  дека околу 04.25. часот пред бензинска пумпа во Демир Капија, А.С.(29) бил физички нападнат од  Г.Т.(24). По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

                                          На 02.08.2020 год. во СВР Велес е пријавено дека околу 12.30 часот настанал пожар во атар на с.Ресава, кај Тиквешкото Езеро, во кој изгорела сува трава и нискостеблеста шума. Пожарот е изгаснат од страна на припадници на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци и вработени од Шумското стопанство „Бор“ од Кавадарци. Бил извршен увид на местото на настанот.

 

                                          Во периодот од 20.00 часот на 01.08.2020 год. до 02.00 часот на 02.08.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес била спроведена контрола на мотоцикли, при што се констатирани 12 прекршоци во Велес, три во Кавадарци и 12 во Неготино и истите се санкционирани со соодветни пријави.

 



Додади коментар