Нова зелена површина на „Западен Булевар“
16-01-2020 РЕГИОН

Општината Кавадарци започна со уредување на постојната и креирање на нова зелена површина на „Западен булевар“.
Деновиве механизацијата на општествено одговорната компанија „ЈА-МИ“ од Кавадарци работи на чистење и порамнување на теренот меѓу улицата „Западен булевар“ и оградата на спортскиот терен на ООУ „Гоце Делчев“.

 

На овој простор се оформува нова зелена површина, каде после порамнувањето ќе се постави подземна линија за полевање и покривањето со плодна земја.


Во наредната фаза на оваа новоформирана зелена површина ќе биде посеана трева, засадени нискостеблести растенија како и дрва одрворедот на „Западен булевар“.


Исто така ќе биде извршено и хортикултурно доуредување на соседаната постојна зелена површина кај мерната станица за амбиентале воздух над училиштето „Гоце Делчев“ - информираат од Локалната самоуправа.



Додади коментар