Започна нов проект за подигање на зелени површини во Кавадарци
08-10-2019 РЕГИОН

Денеска Општината Кавадарци преку службата Мој општинар и ЈП „Комуналец“ започна со реализација на проектот за подигање на нови зелени површини на повеќе локации во градот. Планот и динамиката беа одредени на состанок со градоначалникот Јанчев на чија идеја се реализира овој еколошки проект.

 

Просторот на „Западен Булевар“ кај СЦ „Јасмин“ е првата локација на која се почна со реализацијата. Откако ќе се расчисти теренот, ќе се постави систем за наводнување, ќе се посее трева и ќе се засади дрворед.


Планот опфаќа повеќе локации на кои што ќе се изврши хортикултурно уредување: ул.„Илинденска“, кејот во Ваташа, Булевар „Цветан Димов“, ул, „Блажо Алексов“, просторот околу градинката кај ООУ „Гоце Делчев“, како и на улиците „Ѓоре Брушански“, ул.„Слога“ и ул.„Калница“ паркче во УЗ „Страшо Пинџур“. Проектот треба да бидат завршен во тековната година.

Додади коментар