Започна новогодишното украсување на Кавадарци
03-12-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за новогодишно украсување на градот. Согласно програмата во пред новогодишно руво со светлечки украси се украсат централното градско подрачје и улиците во него.

 

Светлечки украси ќе се постават на зградата на општината, потоа на градскиот плоштад, и на улицата „Илинденска“.

 

Целосното украсување треба да заврши во наредните денови, по што за дочекот на новата 2020 година градот ќе биде украсен.

 

И годинава ќе има организран дочек на најлудата ноќ на градскиот плоштад. На последната седница советот ја усвои програмата за новогодишните празници.

Додади коментар