Загина тракторист од неготинско - се превртел со тракторот на нива

 

Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во периодот од 17.00 до 17.30 часот, додека З.С.(45) од Неготино вршел земјоделски работи со трактор на нива на место викано „Пољаната“, атар на с.Тимјаник, неготинско, тракторот се превртел и З.С. починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино , информираа од МВР.

Додади коментар