Единаесетгодишниот планинар Ване Бошев го искачи врвот Стефани, на планината Олимп во Грција, висок 2.911 метри надморска височина. За ова денеска информираше неговиот татко Орданче, кој е исто така планинар.
-Со ова тој го заокружи искачувањето на сите пет врва од планината Олимп. Лани на два пати ги искачи врвовите Скала, Митикас, Сколио и Илијас. За многумина токму Стефани е најтешкиот врв за искачување на Балканот, рече Орданче Бошев.
Тој соопшти дека со ова, неговиот син кој зема државна стипендија како млад и надежен планинар, ја исполнил програмата за оваа година, искачувајќи 30 планински врвови.
Ване Бошев планинари од неполни три години, има искачено голем број на планински врвови во земјава и странство, а има добиено и многу признанија.
С.Д
Додади коментар