Во директен судир на два автомобила синоќа кај Росоман едно лице се здобило со тешки телесни повреди, информирае портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
Сообраќајката се случила вчера попладне во 17,45 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп во Росоман.
„Во сообраќајката учествувале патнички автомобил марка „фиат уно“ со регистерски ознаки од Кавадарци, управуван од 59-годишен жител на Битола и патнички автомобил марка „сеат кордоба“ со регистерски ознаки од Кавадарци, управуван од 34-годишен жител на Кавадарци – рече Стојковска.
Поради здобиените тешки телесни повреди возачот на автомобилот „фиат уно“ бил пренесен во кавадаречката болница, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на сообраќајката извршила увидна екипа од СВР Велес.
А.Д
Додади коментар