Донација од „Кожувчанка“ за децата од кавадаречката градинка
29-09-2020 РЕГИОН

Флуоресцентни елеци за безбедно движење на децата од кавадаречката градинка кога треба да минуваат низ улици и маички за децата од поголемите групи донираше компанијата „Кожувчанка“.

 

Директорката на градинката, Цанка Добринова  од името на вработените од ЈОУДГ "Рада Поцева" искажува голема благодарност до "Кожувчанка"  кои ја покажаа уште еднаш својата хуманост како општествено одговорна компанија.



Додади коментар