Директорката на неготински Комуналец бара извинување од советниците на ВМРО-ДПМНЕ
11-11-2019 РЕГИОН

48 часа имаат рок  советниците во неготинскиот совет да и се извинат на директорката на ЈП Комуналец, Неготино, Марина Бојаџиева, за како што таа вели, изнесените невистините информации за претпријатието.

 

Советниците на прес конференција изнесоа обвинување за наводно „Дива депонија“ кај Дуброво, каде возила од Битола депонирале тврд и загадувачки отпад, а за истото немало одлука на УП и дека финансискиот промет помеѓу ЈП Комуналец и битолската фирма „редовно функционирало на црно“.

 

„По однос на изнесените невистини, веднаш го доставуваме овој демант со следните докази:

-Со Одлука на Совет на општина Неготино, во кој сте и вие советник, бр. 08-515/22 од 24 10 2018 година, утврдена е висината на цената за депонирање на комерцијален отпад.

Согласно Одлуката на Совет за депонирање на комерцијален отпад, правното лице ЕКО КЛУБ Битола по претходно доставена фактура од страна на ЈП Комуналец Неготино, изврши авансна уплата за депонирање на комерцијалниот отпад.

Не постои „дива депонија“ ниту „финансиски промет на црно“. Постои Одлука на Совет, фактура како финансиско задолжување и плаќање на жиро сметка на ЈП Комуналец Неготино.

Како доказ доставуваме:

  1. Одлука на Совет на општина Неготино бр. 08-515/22 од 24 10 2018
  2. Фактура бр. 427/7 од 19 11 2018
  3. Извод од 19 11 2018

 

Со оглед на одржаната прес-конференција се изнесени груби невистини и сторена е клевета кон јавното претпријатие како правен субјект, па од овие причини бараме од Вас како советник Јавно повлекување и извинување, на истото место и во истиот обем на истиот електронски и телевизиски медиум (КТВ Телевизија) во рок од 48 часа.

Доколку јавно не се извините и изјавата не ја повлечите, како јавно претпријатие ќе постапиме согласно Законот и ќе поведиме постапка пред надлежен суд за надомест на штета и нарушен углед на јавното претпријатие“ стои во писменото обраќање од директорката на ЈП Комуналец Неготино.

Додади коментар