Градежни активности во Кавадарци и село Сопот
04-12-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ работи на реализација на проект за асфалтирање на дел од улицата „Доне Попов“.


Деновиве на локацијата се поставуваа рабници во вкупна должина од 240 метри, со што се оформи улица. Следува поста-вување на тампон, а во завршната фаза и асфалтирање на коловозот, на вкупна површина од 660 квадратни метри.


Општината овој проект го реализира на барање на граѓаните а во склоп на реализација на програмата за комунална изградба финансирана од општинскиот буџет.

Оперативата на ангажираната фирма „Патио монт“ го реализира проектот за изградба на тротора во селото Сопот. Поплочена е делница од тротоарот на главната улица на локација наспроти селките гробишта.


Согласно проекото на локацијата прво се расчистуваше и порамнуваше теренот, по што се поставија мали рабници и тампон, а во завршната фаза и бехатон плочки.


Проектот е во склоп на програмата за комунална изградба, а се реализира на барање на жителите од Сопот- информираат од локалната самоуправа



Додади коментар